Принцот го загуби тоа што најмногу го сакаше – Хари остана без воените титули

Фото: Профимедиа

Повеќе не смее да носи униформа како капетан на Кралските маринци, почесен заповедник на Кралското воено воздухопловство и почесен генерал на Кралската морнарица…

На принцот Хари (35) му е одземена воената титула, пишува „Mirror“. Тој е присилен да се откаже од церемонијалните улоги во британската војска, нешто што го доживеа многу емотивно.

Фото: Профимедиа

„Од сите титули и општо од сите привилегии од кои тој мораше да се откаже по службеното напуштање на кралското семејство, најмногу го деморализираше одземањето на почесните воени титули кои му беа доделени како член на кралското семејство и благодарение на неговите залагања“, пишува во биографијата „Пронаоѓање на слободата“.

Повеќе тој не смее да ја носи униформата како каперан на Кралските маринци, почесен заповедник на Кралското воено воздухопловодство и почесен генерал на Кралската морнарица. Како пензиониран војник тој секогаш би можел да ги носи своите досега добиени медали.

EPA-EFE/NEIL HALL / POOL

Хари, инаку, во 2015 година по напуштањето на воените сили вети дека ќе одржува врска со војниците.

„Додека бевме во војка јас не бев принц, бев само Хари“, изјави тој во една прилика. Не е ни чудно што одземањето на титулите толку го погодило.

По отстапувањето од кралските должности Хари и Меган настојуваат самостојно да се финансираат.

Profimedia

Неодамна тие потпишаа договор со сервисот „Netflix“ вреден 150 милиони долари. Парот основаше и продуцентска компанија, а ќе се бави со производство на документарци, филмови, телевизиски содржини и детска програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот