• воените

Американски генерал Мајли: Кина сериозно и одржливо ги зголемува воените капацитети

Кина ги зголемува своите воени можности „со многу сериозно и одржливо темпо”, изјави денеска американскиот генерал Марк Мајли пред Сенатот, при што предупреди на зголемена закана за мирот и глобалната стабилност. – Ние мора да овозможиме одржување на нашите конкурентни и технолошки предности и стручност, рече генералот Мајли пред сенатската Комисија за вооружени сили.