Нова драма кај славниот брачен пар: Се разведува најпознатата старлета во светот?

profimedia

Иако на социјалните мрежи се пофали со цвеќето кое сопругот и го подари по повод шест-годишницата од бракот, Ким Кардашијан и Канје Вест не се во најдобри односи.

Изгледа дека карантинот и долгото време заедно дома придонеле нивниот однос да се влоши. Како што велат нивните блиски пријатели, брачните недоразбирања интензивирале во текот на карантинскиот период.

Затоа 39-годишната ријалити ѕвезда наводно му предложила на својот сопруг некое време да поминат одвоени додека не престанат да важат вонредните мерки, пишува Дејли Мејл.

„Односот меѓу Ким и Канје во моментов е во криза бидејќи парот обично не поминува толку време на исто место, бидејќи и двајцата имаат многу обврски, а сега кога се по цел ден заедно, кавгите им се секојдневие“, вели изворот.

профимедиа

„Во моментот Ким и децата живеат во еден дел од куќата, додека Канје во друг дел и избегнуваат да се среќаваат. Таа станува рано и вежба, а Канје има обичај да работи цела ноќ“ додава тој.

Ким на пријателките им се пожалила дека сопругот не и помага премногу околу децата и дека целата грижа во моментот е нејзина, па така таа се пожалила дека тоа тешко го усогласува со обврските.

Но тоа не е единствениот проблем, Ким се пожалила и дека Канје се обидува да и ги наметне своите ставови и дека започнал да ја критикува неа и нејзините деловни потези, но и приватниот живот, изјавил пријателот на славниот пар кој се надева дека парот ќе ги надмине овие проблеми и бракот ќе опстане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот