За 4 дена целосно ќе ги исчистите цревата и токсините од телото! Палента диетата ќе ве препороди!

На сите нас во некој момент ни треба брзо решение кое ќе ни помогне да намалиме неколку килограми вишок во краток рок. Најдобрите резултати даваат решенијата кои му одговараат на нашиот стомак, а токму таква е палентата!

Комплексните јаглени хидрати во комбинација со влакната од палентата долго време се варат, па затоа подолго време не држат сити, а притоа стимулираат добро варење и спречуваат запек, кој е честа последица од брзите диети.

Од друга страна, палента диетата која трае 4 дена ќе му ги обезбеди на вашето тело и неопходните витамини и минерали, ќе ги исчисти вашите црева и ќе го забрза метаболизмот. Исто така, палентата ќе ви помогне да се ублажи нивото на холестерол во крвта.

1.Ден

400 гр палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода

2.Ден

Дуплирајте го менито од првиот ден

3.Ден

400 грама палента, салата од 300 грама марула, 200 грама зелка, 2 моркови, малку лимонов сок и 1 лажица маслиново масло, 2 литри вода, 3 шолји зелен чај без шеќер.

4.Ден

Дуплирајте го менито од третиот ден.

Постапка за правење на палентата:

За палентата да ви помогне во слабеењето, морате да ја направите без млеко, шеќер, путер и сл.

Состојки: 50 грама палента, 200 мл вода, половина лажичка маслиново масло.

Подготовка: Лесно измијте ја живата палента со чиста вода. 200 мл вода сипете ги во сад на оган и многу малку посолете. Оставете да зоврие водата и додадете ја палентата. Варете на ниска температура додека да биде готова. Кога ќе се свари, додадете маслиново масло и промешајте.

Додека сте на палента диетата, пијте многу вода и јадете мали порции преку целиот ден кога ќе почувствувате глад. Диетата можете да ја повторите два пати по 4 дена без пауза, односно максимум 8 дена, а потоа потребно е да направите пауза од минимум еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот