Совршена лесна летна салата која може да ви биде оброк или ужинка, а се подготвува многу брзо.
Потребни состојки:
– 300 гр пилешко филе
– сув зачин (според вкус)
– 1 тврдо варено јајце
– масло
– грчки јогурт 200 мл
– 3 чешниња лук
– 2 шаки мелени ореви
– марула
– 1 краставица
– сол и бибер (според вкус)
– истостиран сусам
Подготовка:
– Најпрвин пилешкото месо сварете го во вода и зачинете го со сув зачин или коцка супа со цел да биде повкусно, а потоа ситно исецкајте го. Исецкајте ги сите состојки ситно, промешајте, а потоа оставете ја салатата во фрижидер убаво да се олади, а состојките да се поврзат, сервирајте во чинија и уживајте во пријатниот вкус.