Еден од омилените холивудски парови стави точка на љубовта – Славните актери ја раскинаа веридбата по деветгодишната врска!

Фото: Профимедиа

Овој познат американски пар стави точка на својата деветгодишна љубов…

Оливија Вајлд (36) и Џејсон Судеикис (45) по девет години врска ја раскинаа веридбата, пренесуваат светските меиуми.

Холивудскиот пар кој беше во врска девет години, стави точка на својата љубов уште на почетокот на оваа година, тврди близок извор, додавајќи дека тие останале во пријателски односи.

Почетокот на крајот на оваа романса која не беше крунисана со брак, се случил минатата година кога тие од својот дом во Бруклин се преселиле во Лос Анџелес.

Фото: Профимедиа

– Немаше никакви драми ниту скандали, едноставно повеќе не функционираа добро како пар. Се почитуваат еден со друг и се уште постои меѓусебната поддршка, особено кога станува збор за одгледување на децата кои им се приоритет, вели извор близок на парот, и додава дека тие ги договориле сите детали за заедничкото старателство.

Фото: Профимедиа

Оливија и Џејсон имаат две деца, шестгодишниот син Отис Александар и четиригодишната ќерка Дејзи Џозефин.

Врската ја започнаа во 2011 година, а две години подоцна тие се верија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот