ВИДЕО | Петар Грашо сподели видео од бремената Хана: Насмеана танцува и пее

Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм
Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм

Хрватскиот музичар Петар Грашо (45) ќе го одржи својот голем концерт на 18 и 19 март во Арена Загреб, а сега објави како течат подготовките преку видео на неговиот инстаграм-профил. Грашо ги изненади обожавателите бидејќи во објавите покажа дека на пробата му се придружила и сопругата Хана Хуљиќ (31).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petargrasoofficial)

„Одбројувањето и загревањето започна! Кој доаѓа во Арена Загреб?“, напишал Грашо покрај видеото од пробата на која била присутна и бремената Хана.

Музичарката во маица и патики танцувала и пеела на пробата со другите членови, па токму поради тоа многу обожаватели се прашуваат дали Хана ќе му се придружи на својот сопруг на сцената.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Ако се суди според најавите, голема е веројатноста Хана да биде на концертот, а ова нема да ѝ биде првпат да ги пее придружните вокали на Грашо. Покрај тоа, парот уште во 2016 година ја сними песната „Срце за водич“ и веќе настапуваа заедно. Покрај големиот концерт, Грашо во сабота ќе го прослави и 46-от роденден.

Потсетуваме, Хана и Петар се венчаа минатиот месец во Сплит во кругот на семејството и најблиските пријатели, а парот откри дека чека девојче. Иако се трудеа да го држат својот приватен живот подалеку од јавноста за нивната венчавка се знаеше секој чекор

– Ако има двајца кои сакаат да бидат помалку експонирани надвор од својата работа, тогаш тоа сме Хана и јас – изјави Петар неодамна во интервју за РТЛ Директ.

Хана треба да се породи на почетокот на јули. Новопечената брачна двојка живее во Сплит во станот на Грашо, кој тој го реновирал пред две години, а Петар изјавил дека двајцата живеат едноставен и лежерен живот.

Слатко исчекување: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го открија полот на бебето

ВИДЕО | Петар Грашо си ја отвори душата: Ова ќе биде прекрасна година, подготвен сум да бидам татко

ФОТО | Петар Грашо насмеан од уши до уши на венчавката со Хана: Се чувствувам како вистински маж!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот