Слатко исчекување: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го открија полот на бебето

Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм
Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм

Откако ја крунисаа својата љубов со брак, на Петар Грашо и Хана Хуљиќ им останува да си го пречекаат бебето. Веста дека ќе имаат нов член во семејството, Хана и Петар ја кажале на своите родители на Божиќ, а сега се знае и полот на детето.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм
Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм

Хана и Петар се венчаа на 19 февруари 2022 година во црквата Св. Доминик во центарот на Сплит. На церемонијата присуствуваа родителите на Хана, Тончи и Вјекослава Хуљиќ, нејзиниот брат Иван, сестрата на Петар, уште неколку членови од најблиското семејство, како и кумовите на Грашо и најблиски пријатели.

ФОТО | Петар Грашо насмеан од уши до уши на венчавката со Хана: Се чувствувам како вистински маж!

Гостите биле трогнати кога Грашо, заблагодарувајќи им се на сите што дошле, на општо изненадување на сите гости, го открил полот на бебето, според „RTL Ekskluziv“. На почетокот на јули во нововенчаното семејство пристигнува мало девојче. Името сѐ уште не е познато, иако не е лесно да се чуваат тајните на Хана и Петар, откако јавноста се посвети на нивната љубовна приказна.

ФОТО | Ова е свадбената торта на Петар Грашо и Хана која изгледа како „подарок од ресторанот“: Дали слаткарот ги заборавил украсите?

 

ВИДЕО | Петар Грашо си ја отвори душата: Ова ќе биде прекрасна година, подготвен сум да бидам татко

 

Веста за Петар Грашо и Хана Хуљиќ ги израдува сите: Се огласи и идниот дедо Тончи Хуљиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот