ФОТО | Ова е свадбената торта на Петар Грашо и Хана која изгледа како „подарок од ресторанот“: Дали слаткарот ги заборавил украсите?

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сакана Хана Хуљиќ пред два дена го кажаа судбоносното „да“ во сплитската црква Св. Доминик. Парот се заколна на вечна љубов пред членовите од најблиското семејство, како и кумовите. Иако свадбата беше планирана во тајност, сепак се појавија бројни фотографии и видеа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petar_graso_fp)

Невестата заблеска во венчаница од сплитскиот моден бренд „Arileo“, надополнета со ракавици и елегантен кралски детаљ во косата, а Петар повторно ја покажа својата елеганција во темно одело со пеперушка на вратот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Net.hr (@net.hr_)


И додека сè зрачеше со елеганција, тортата, на изненадување на многумина, беше прилично едноставна. Откако фотографијата со свадбената торта стана вирална, корисниците на социјалните мрежи започнаа со своите коментари околу изгледот на популарниот свадбен десерт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gostilna Pri Lojzetu (@dvorec_zemono)


„Чекај, ова е свадбена торта? Не, не, некој сигурно се шегува“, напишал еден од корисниците на Инстаграм.


Дел од коментарите беа дека свадбената торта била подарок од ресторанот, а некои наведоа дека слаткарот ги заборавил украсите на свадбената торта.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот