ФОТО | Петар Грашо насмеан од уши до уши на венчавката со Хана: Се чувствувам како вистински маж!

Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм
Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм

Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сакана Хана Хуљиќ го кажаа судбоносното „да“ во сплитската црква Св. Доминик – парот се заколна на вечна љубов пред членовите од најблиското семејство, како и кумовите. Иако свадбата беше планирана во тајност, сепак се појавија бројни фотографии и видеа.

„Венчавка на годината“: Хана и Грашо денеска ќе застанат пред олтарот во Сплит – Слободен печат (slobodenpecat.mk)

На церемонијата присуствувале родителите на Хана, Тончи и Вјекослава Хуљиќ, нејзиниот брат Иван, сестрата на Петар, уште неколку членови од најблискиото семејство, како и кумовите на Грашо и неговите најблиски пријатели.

По излегувањето од церемонијата, на прашањето од новинарите како се чувствува, Петар гордо одговорил:„ Се чувствувам како маж“

Невестата заблеска во венчаница од сплитскиот моден бренд Arileo, надополнета со ракавици и елегантен кралски детаљ во косата, а Петар повторно ја покажа својата елеганција во темно одело со пеперушка на вратот.

Хрватските медиуми пишуваат дека свадбата до последен момент се одвивала во тајност и не се знаела локацијата на венчавката, со цел да не бидат следени од папараци, но тие моментално се во центарот на вниманието, па ги фотографирале дури и случајни минувачи.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм
Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм

Среќниот пар е во исчекување на своето прво дете ова лето, а наводно најавиле дека по раѓањето на бебето, ќе направат голема свадбена прослава во Сплит.

ВИДЕО | Петар Грашо си ја отвори душата: Ова ќе биде прекрасна година, подготвен сум да бидам татко – Слободен печат (slobodenpecat.mk)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот