„Венчавка на годината“: Хана и Грашо денеска ќе застанат пред олтарот во Сплит

тончи хуљиќ
Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ и Петар Грашо / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Еден од најпопуларните поп парови на Балканов изминатиов период, Хана Хуљиќ и Петар Грашо денеска ќе застанат пред олтарот и ќе го кажат судбоносното „да“ во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.

ВИДЕО | Петар Грашо директен кон медиумите: Ги почитувам нивните правила на игра, но сакам да си го зачувам приватниот живот за себе!

На венчавката ќе присуствуваат блиското семејство и пријателите, меѓу кои и некои познати имиња. Имено, кума на Хана ќе биде сплитската пејачка Доменика, која вчера пристигна во Сплит од Загреб, а кум на Грашо ќе биде кошаркарот Дино Раѓа.

Хана и Грашо со денови не објавуваат ништо на социјалните мрежи, а Грашо пред неколку дена во интерву за медиумите во Србија не криеше колку е изненаден од медиумското внимание кое го доби поради врската, а потоа и поради венчавката со Хана.

ВИДЕО | Петар Грашо си ја отвори душата: Ова ќе биде прекрасна година, подготвен сум да бидам татко

Тие чекаат и бебе

Уште кога одекна веста дека Хана и Грашо чекаат бебе, веднаш почнаа да се шират гласини за венчавката, а Хана наводно веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.

Нивната врска стана топ тема во октомври минатата година. 45-годишниот пејач и 14-години помладата Хана во 2016 година соработуваа на песната „Heart for a Guide“, а Грашо со години е многу близок со нејзините родители кои не кријат дека ја поддржуваат нивната врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот