ВИДЕО | Петар Грашо си ја отвори душата: Ова ќе биде прекрасна година, подготвен сум да бидам татко

Петар Грашо Хана Хуљиќ
Фото: Скриншот/Јутјуб/Инстаграм

Хрватскиот поп-пејач Петар Грашо и неговата поубава половина, музичарката Хана Хуљиќ за неколку месеци ќе станат родители, а наскоро ќе ги слушнеме и свадбените ѕвона, пренесуваат хрватските медиуми.

Имено, тие до крајот на овој месец ќе го изговорат судбоносното „да“ во црква во Сплит. Според планот, венчавката нема да биде голема, а ќе присуствува само најблиското семејство.

Идниот татко Петар Грашо гостуваше во емисијата „Ин Магазин“ на телевизија Нова и весело изјави:

„Ова ќе биде прекрасна година. Секогаш сум подготвен за убави нешта, а кога си спремен за убави работи, тогаш се случуваат најубавите работи“.

Хана Хуљиќ ретко се огласуваше на социјалните мрежи откако во медимумите се појави веста дека очекуваат принова. Но, вчера ги изненади своите следбеници на Инстаграм и сподели фотографија на која ужива во друштво на нејзината најдобра пријателка и идна кума, пејачката Доменика Жувела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот