ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Ивана Петронијевиќ за масакрот: Занемевме поразени пред најголемата трагедија во српското општество

Фото : Ивана Петронијевиќ-Терзиќ - новинарка

Сите со неверување и солзи ги следиме состојбите на преживеаните ученици и професорката по вчерашното пукање во белградското училиште „Владислав Рибникар“ во кое 13-годишен ученик со пиштол успеа да усмрти осум деца, еден чувар и рани повеќе соученици.

Состојбата на двете најктитични застрелени и повредени деца во немилиот настан и понатаму е сериозна додека состојбата на професорката која исто така беше застрелана полека се стабилизира. За жал едно девојче и момче во кои исто така беше стрелано се и понатаму во критична состојба и се уште има неизвесност околу нивната здравствена состојба и животи.

Ова е најголема трагедија во српското општество, сите занемевме по поразот кој ни го нанесе овој немил трагичен настан истакна Ивана Петронијевиќ српска новинарка од „Демостат“ гостувајќи и говорејќи во емисијата „Утрински печат“ за најкрвавиот училишен час во Белград кога вчера вооружен со пиштол од татка си и со две рамки муниција, седмооделенец уби осуммина соученици и рани уште седумина во белградско основно училиште.

– Ова е прв пат да се случи ваков грозоморен чин во историјата на Србија. Во едно основно училиште во центарот на Белград во населбата Врачар да бидат убиени осум ученици и еден чувар на училиштето кој бил сакан и почитуван од сите. Веднаш се поставуваат прашања зошто воопшто и до тоа дојде, дали можело да се превенира и што да се направи ваквите работи да не се повторуваат – посочува Петронијевиќ.

Српската новинарка која низа години ги следи домашните случувања во Србија појаснува дека се уште е рано да се изнесуваат предикциите околу тоа кој е виновен и кој потфрлил во општеството и која е причината за ваквиот немил настан.

– Мислам дека ова е прв ваков случај во историјата на земјата во кое момчето го стори тоа што го стори. Верувам дека има голем спектар на причини поради кои момчето се одлучило да направи ваков чин и да дојде до ужасниот масакар. Ваков немил настан досега не се памети во земјата додека пак сме биле сведоци на вакви случки во други делови на светот. Експертите велат дека оние лица кои ќе превземат ваков чекор се поприлично различни од останатите во смисла на нивната социјализација во општеството. Сепак, еден заеднички именител за сите овие лица кои се одлучуваат да направат ваков грозоморен чин е фактот што тие имаат достапно оружје до нив – објаснува Петронијевиќ и додава дека тоа е резултат на потфрлање на основната ќелија на општеството а тоа е семејството.

– Во српското општество на жалост преовладува насилството. Насилството им се пласира и на децата, тинејџерите и повозрасните преку телевизиите со национална френфекција, преку музика, преку собраниски дебати во кои е сосема нормално да постои насилен однос на ецен политички опонент кон друг и сл. И сето тоа кога ќе стане начин на однесување, всушност станува начин на кои сите ние започнуваме да се однесуваме. Станува модел кој го превзимаат сите преку луѓето кои се на телевизија до функционерите кои ја водат оваа држава, преку родителите и на крајот да дојде и до самите деца – вели Петронијевиќ.

Новинарката Петронијевиќ со долгогодишно искуство во повеќе српски медиуми посочува дека изложеноста на децата на содржините на интернет е само дел од причинителите за ваквите девијантни појави во општеството.

– Детето кое го изврши овој ужасен масакар според српското законодавство не е кривично одговорен бидејќи нема полни 14 години. Со тоа тој не може кривично да одговара за стореното дело, иако беше приведен веднаш по пукањето и тој сега се наоѓа на клиниката за психијатрија во Белград. Сепак во исто време лишени од слобода се неговите родители, каде тие според законите ќе одговараат кривично за делото извршено од страна на нивниот тринаесет годишен син – додава Петронијевиќ.

Повеќе од разговорот со српската новинарка Ивана Петронијевиќ погледнете во видеото во продолжение

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

➡️Петмина од повредените во нападот во Белград се во стабилна состојба, двајца се критични

➡️Соученик го преживеал масакрот во Белград иако неговото име било на списокот на Коста: Не го ни познавав

➡️ Коста не бил жртва на врсничко насилство, тврди раководителот на белградската училишна управа

➡️ Психијатри: Масакрот во Белград треба да го разбуди и македонското општество од моралната ерозија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот