Коста не бил жртва на врсничко насилство, тврди раководителот на белградската училишна управа

Фото Слободен печат

Драган Филиповиќ, раководител на белградската училишна управа, во утринската програма на српска „Нова“ изјави дека момчето кое го извршило делото посетувало музичко училиште и дека врз основа на сите показатели што ги има училиштето, немало врсничко насилство.

„Овие два дена настава нема да се одвива во тоа основно училиште. За учениците од помладите одделенија, доколку родителите немаат каде да ги остават децата, а децата инаку се на продолжен престој, училиштето ќе биде отворено во физички одвоен дел, во дел каде што нема да има можност за учениците да стигнат до местото каде што е извршено кривичното дело. Родителите рекоа дека нема да ги донесат децата, но без разлика, договорено е во училиштето да има дежурни наставници“, рече Филиповиќ.

Тој рече дека треба да се разговара со децата, а за утре е закажана средба со претставници на Министерството за здравство, со цел да се направи план за активности за прием на децата во понеделник во ОУ „Владислав Рибникар“. На средбата ќе присуствуваат двајца психијатри, психолог, како и претставници на УНИЦЕФ.

„Имаме уште три училишта каде што треба да дадеме поддршка, бидејќи ученикот кој беше повреден е и ученик на балетското училиште „Лујо Давичо“, еден ученик кој беше повреден е исто така ученик на Музичкото училиште „Јосип Словенски“, а ученикот кој го сторил ова дело е ученик на музичкото училиште „Станковиќ““, рече Филиповиќ.

„Коста таму беше исклучително талентиран ученик“, додаде Филиповиќ.

Тој изјави дека разговарал и со директорите на тие училишта и дека е потребно да се направи план за активности за децата кои ги посетуваат.

„Во тие училишта редовно се одвива настава за сите оние ученици кои чувствуваат дека можат да дојдат и да следат настава. Подобро децата да доаѓаат на училиште, со нив да разговара класниот раководител, експерти, отколку да останат сами дома“, рече Филиповиќ.

Филиповиќ изјави дека врз основа на сите показатели што ги има училиштето, во училиштето немало врсничко насилство врз ученикот ниту во училиштето ниту во музичката школа која ја посетувал, и дека бил исклучително талентиран.

Кога станува збор за момчето кое ги изврши убиствата и неговото префрлање од едно во друго одделение, изјави дека се работи за училиште кое на децата им нуди двојазично образование од седмо одделение.

„По барање на родителите, ученикот се префрлил во паралелка со двојазично образование. Тоа беше неговиот мотив да се пресели од едно во друго одделение“, изјави Филиповиќ.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

➡️Петмина од повредените во нападот во Белград се во стабилна состојба, двајца се критични

➡️Соученик го преживеал масакрот во Белград иако неговото име било на списокот на Коста: Не го ни познавав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот