Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

Фото принтскрин

Српскиот адвокат Предраг Савиќ истакна дека, доколку малолетниот К.К., осомничен за убиството на девет лица утринава во основно училиште не наполнил 14 години, не може кривично да одговара, пренесува „Танјуг“.

Како што прецизира Савиќ во изјавата за „Танјуг“, доколку осомничениот е над 14 години се постапува како малолетник и како најстрога казна може да му се изрече посебна мерка, а доколку се утврди дека има ментално растројство, тој може да биде осуден на лекување во специјална основа.

Законот за малолетници, исто така, предвидува дека постар малолетник може да биде осуден на пет години затвор.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот