Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

Фото: Инстаграм/Ана Станиќ

Денеска загинаа осум деца и еден чувар во пукотница во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, а кривичното дело го сторил 14-годишниот К.К., ученик во истото училиште.

Неофицијално, четиринаесетгодишното момче влегло на часот по историја и почнало да пука кон учениците.

Синот на српската пејачка Ана Станиќ е, исто така, ученик во ова основно училиште. Во изјава за „Телеграф“, таа вели дека сè уште е во шок поради трагичниот настан.

„Јас сум сè уште во шок, не можам да верувам што се случи. Сите сме вознемирени. Мојот син е ученик во тоа училиште, но денес е втора смена. Јас сè уште немам никакви информации. Мојот син е петто одделение, а момчето кое пукало било седмо одделение. Не се познавале“, изјавила пејачката за „Телеграф“.

Покрај синот на Ана Станиќ, во истото училиште учи и детето на водителот Зоран Кесиќ, кој веднаш пристигнал на местото каде се случила трагедијата.

„Не знам што точно се случило, не можам да ви дадам повеќе информации, бидејќи не сум информиран. Гледам само дека родителите се собрале, сите се исплашени, децата плачејќи го напуштаат училиштето, наставниците вознемирени. Тоа што се случи е навистина страшно“, изјавил водителот за „Телеграф“.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот