Белград не памети покрваво убиство

Белград / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Белград не памети толку крвав чин како свирепото убиство на соучениците во основното училиште во Врачар, а во цела Србија по Втората светска војна имало само едно масовно убиство со повеќе жртви.

Пред десет години во Велика Иванча кај Младеновац селанецот Љубомир Богдановиќ ги убил синот и мајката, а потоа и уште десетмина соседи, вклучувајќи и двегодишно дете. Кога по половина час пристигнала полицијата, Богдановиќ пукал во себе и починал од раните по неколку дена.

Во селото Јабуковац во јули 2007 година Никола Радосавлевиќ убил деветмина соседи. Пред крвавиот пир тој ја претепал сопругата и скокнал во бунар за да се убие. Соседот го извлекол и му го спасил животот, но Радосавлевиќ се фатил за пушката и убил деветмина соседи од две семејства. На главниот претрес во Окружниот суд тој бил ослободен од вина, бидејќи вештаците по невропсихијатрија утврдиле дека бил непресметлив во времето во кое го извршил крвавото злосторство. Најмасовниот убиец во историјата на Србија и денес е зад решетки во Специјалната затворска болница во Белград.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот