Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

Фото Инстаграм принтскрин

Откако утрово се случи пукање во училиштето во Врачар во кое беше убиен чуварот, мајката на еден од учениците се огласи велејќи дека е убиен човекот што сите го сакале, пренесува српска „Нова“.

„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа, како и сите ние“, вели потресената мајка на едно дете од училиштето.

Осум екипи на итната помош во моментов се пред училиштето „Владислав Рибникар“ каде утрово се случи престрелка во која едно лице загина, а неколкумина се ранети.

Според „Нова.рс“, осомничениот ученик (14) по пукањето побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила.

Момчето го застрелало поранешниот учител со пиштолот на својот татко, го убило чуварот, а бројот на ранети сѐ уште не е познат.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот