Ученичка раскажа за крвавиот напад: Го видов обезбедувачот како паѓа на подот

Фото Принтскрин ТВ Прва

14-годишно момче утрово изврши напад во училиштето во Врачар, а негова пријателка за српската „ТВ Прва“ раскажала што се случило кобното утро.

Како што рекла, за време на самото пукање се качила на катот во училиштето и слушнала звуци кои наликувале на петарди.

„Слушнав звуци, мислев дека децата фрлаат петарди. Но потоа видов дека чуварот падна на подот, а потоа се вратив, не ми дозволија да се качам горе. Наставничката по физичко сакаше да се качи горе, но и реков дека да не оди, бидејќи го видов обезбедувањето како падна на подот, дека е пукано во него, па отидовме на безбедно“, вели Евгенија.

Таа додаде дека слушнала дека ученик влегол во училница и почнал да пука.

„Има неколку ранети. Беше страшно“, изјави потресен ученик од училиштето во Врачар.

Според пишувањата на медиумите, момчето испукало дури 20 куршуми.

„Бев долу, имавме физичко, слушнав пукотници. Не знаев што се случува, се допишувавме преку смс пораки, некои деца не одговараа и се плашевме…“ вели таа.

Како што додава, тогаш сите се евакуирани.

„Сите се сместивме во една мала соба во училиштето, па не префрлија во гимназијата, таму беше безбедно, а потоа излеговме. Прво не и кажав на мајка ми, за да не ја стресам, но потоа И кажав дека сум безбедна“, вели Евгенија.

Како што додава, таа и ученикот кој утринава пукаше во училиште биле во исто одделение.

„Беше тивок, изгледаше убаво, имаше добри оценки. Не беше отворен со сите, но не би очекувала да се случи вакво нешто”, заклучила девојката.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот