ВИДЕО | Соученици за убиецот од Белград: Тој е жртва на врсничко насилство, постојано го малтретираа

Фото Индекс принтскрин

Учениците од училиштето каде беше извршен смртоносниот напад од страна на 14-годишното момче К.К. за хрватски „Индекс“ раскажаа детали за убиецот.

Како што раскажале тие, напаѓачот лани бил малтретиран од врсниците, по што годинава бил префрлен во друго одделение, каде исто така бил жртва на врсничко насилство.

Други ученици, кои разговарале со српски „Телеграф“ велат дека напаѓачот го вперил пиштолот кон сите во ходникот, по што настанала општа паника.

„Слушнав пукање, некои студенти веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Прво помислив дека нешто се слуша надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите трчаа. Кога излегов видов него, дојде и ни го впери пиштолот на сите нас“, низ солзи изјави за „Блиц“ еден од учениците.

Засега, од српското МВР познато е дека во нападот се загинати 9 луѓе, од кои 8 деца и еден возрасен, за кој се наведува дека е обезбедувањето во училиштето.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот