Петмина од повредените во нападот во Белград се стабилни, двајца се во критична состојба

Пукање Белград / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Петмината повредени во вооружениот напад во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се стабилни, едно дете е критично, но подобро, додека едно дете е во критична состојба и е витално загрозено, изјавија денес директорите на здравствените установи каде што се повредените.

Директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Милика Ашанин изјави дека состојбата со двајцата ученици и наставничката кои се сместени во таа установа е многу подобра и дека се доста добро.

Четвртиот пациент, како што наведе Ашанин, во Клиничкиот центар бил донесен како најтешко повреден, со прострелни рани во градниот кош, вратот и кичмата, „вчера цел ден го поминал во операциона сала, имал две операции, подобро е, буден е, но мораме да бидеме многу внимателни и мора да го оквалификуваме како да е во критична состојба“.

Тој изјави дека за денеска се планирани низа контроли, со цел да се утврдат ефектите од операциите.

Директорот на Универзитетската детска клиника во Тиршова, Синиша Дучиќ изјави дека од тројца пациенти на таа клиника, две момчиња со прострелни рани на нозете се стабилни и добро, примаат антибиотска терапија и дека во следните неколку денови може да бидат пуштени дома.

-Девојчето кое вчера итно беше оперирано поради повреди на главата е витално загрозено, во критична состојба. Лекарите прават се за да ја одржат во живот, но нејзината општа состојба е многу сериозна и витално е загрозена, рече Дучиќ и додаде дека за сега немаат планирано други операции.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

➡️Петмина од повредените во нападот во Белград се во стабилна состојба, двајца се критични

➡️Соученик го преживеал масакрот во Белград иако неговото име било на списокот на Коста: Не го ни познавав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот