Соученик го преживеал масакрот во Белград иако неговото име било на списокот на Коста: Не го ни познавав

Белград масакр / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Седмоодделенецот кој вчера изврши уби осум деца и чувар, а рани шест ученици и наставник во основно училиште во Белград, на лист хартија ги напишал имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Но, како што пишува српски „Информер“, момчето Ѓ. Ш. успеало да го избегне масакрот во неговото основно училиште иако бил на списокот што го направил ученикот Коста К..

– Не знам зошто моето име се најде на списокот и јас се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав, го знаев само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. На списокот се и моите двајца пријатели, но за среќа не ги застрела. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија, изјавил Ѓ. Ш. за Информер.

Како што може да се види од списокот, кој на прес-конференцијата во Владата на Србија го покажа Веселин Милиќ, началникот на белградската полиција, седмоодделенецот прво напишал 16 имиња на ученици.

Сепак едно име од списокот за масакрот било пречкртано и останале 15 имиња.

Од 15-те ученици кои ги запишал и планирал да ги убие, според достапните неофицијални информации, тој убил најмалку тројца од списокот, а ранил уште тројца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот