Узуновски: Со декриминализација и легализација на канабисот ќе им се случи вистински „бум“ на економијата и туризмот

Водиме дебата за наводната штетност на канабисот во момент кога Светската здравствена организација (СЗО) го тргна од листа на опасни дроги. Ги следев излагањата и ставовите на противниците на декриминализацијата и легализацијата кои ги објавувте во вашиот медиум, но не сретнав ниту една теза поткрепена со факти или научно истражување. Сè се сведува на нивно лично мислење, перцепција и она што го наведов на почетокот – предрасуда, вели за „Слободен печат“ Огнен Узуновски претседател на ЗНАМ (Зелена национална агенда на Македонија), во врска со легализацијата на марихуаната во рекреативни цели.

– Јас сум еден од основачите на движењето „Операција ослободување“ чија примарна цел е да се декриминализара поседувањето и одлегдувањето на кабнабис за лична употреба, а потоа и да се донесе потполна легализација на одгледувањето, продажбата и консумирањето на канабис но исклучиво со прецизно утврдена законска рамка – вели Узуновски, истакнувајќи дека тој пред сè е поборник за медицинскиот канабис, односно за зголемувањето на бројот на здравствени состојби за кои може да се користат препарати од канабис согласно медицината базирана на докази.

Од друга страна, вели тој, со легализацијата на марихуаната во рекреативни цели ќе се случи вистински „бум“ како на економијата, така и на туризмот.

– Декриминализацијата и легализацијата на канабисот ќе направат вистински економски бум во државата. Консумирањето на канабис не е единствена примена на оваа билка. Десетина индустрии, илјадници работни места, профит и придонес во буџетот на државата.  Нема држава во светот каде што по легализацијата немало економски бенефит. Ќе го наведам само примерот со Колорадо, САД. Тоа се јавно достапни официјални информации и статистики кои ги има на интернет и тука нема што да се дискутира. Истото важи и за туризмот за кој сум цврсто уверен дека ќе доживее комплетен „бум“ – додава Узуновски.

Узуновски ја презентираше и идејата за отворање на социјални клубови, односно места каде легално би се продавал и консумирал канабис, кои како што вели, во одредени земји функционираат со декади и не треба да се испоитоветуваат со „кофи шоповите“, а додаде и дека што побргу мора да се дискутира за формирање на законска рамка за декриминализација и легализација на канабисот.

– Мора што поскоро да се формира комисија во која ќе членуваат претставници на државните институции како Министерството за здравство, бирото за лекови, судството полицијата, економијата и секако невладиниот сектор. Тие ќе направат прецизна закноска рамка преку која ќе се спроведе и применува процесот на декриминализација и легализација. На Македонија и е потребна легализација – заврши претседателот на ЗНАМ.

Во продолжение, проследете ги ставовите на оваа тема од други македонски професори, политичари, медицински лица и граѓани:

По препорака на СЗО: Комисија на ОН го симна канабисот од листата на најопасни наркотици

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

ВИДЕО | Митровски: Профитот од канабис би бил голем, но постои интенција пазарот да се монополизира

Национален Младински совет: Марихуаната да биде легална во целата земја

„Коалиција Маргини“ за легализација на марихуаната: И алкохолот е дрога, па е легален!

Хелсиншки: Итна декриминализација на канабисот за лична употреба, социјални клубови за продажба и агенција која ќе контролира

Достовски од „Зелена Алтернатива“: Декриминализација и легализација на марихуана ДА, но зошто само во туристичките места?

ВИДЕО | Дуковски од Макканабис: Докторите се против легализација на канабис бидејќи не знаат колку е ефикасен

ВИДЕО | ЛДП: Потребен е посебен закон за канабис

Коалиција „Сите за правично судење“: Со легализација на канабисот ќе се сузбие криминалот и ќе се зајакне легалната економија

Голубовска: Најавената легализација на канабис од властите нема никаква друга, освен партиска логика пред локалните избори

ВИДЕО | Легализација на марихуана: „За и против“, разговор со Борјан Јовановски

ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Пушење канабис и корона не е на добро

Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Богданова-Смилевска: Легализацијата на канабисот во Македонија би била темпирана бомба за цел Балкан

Лабовиќ: Со легализацијата на канабисот ќе станат лесно достапни и производи опасни по здравјето за младата популација

Проф. д-р Николовски: Со легализација на канабисот ќе станат поприсутни и другите нелегални активности

ВИДЕО | Морачанин: Ја поддржуваме иницијативата за лична употреба на канабисот

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Угостителите веќе подготвуваат препораки за начинот на продажба на канабисот во угостителските објекти

И детектори за канабис се во игра за поголема контрола во сообраќајот ако се легализира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот