Шекеринска: За бегството на Мијалков потребна е не само политичка, туку и кривична одговорност

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска  на прес конференција во посета на армискиот полигон „Криволак” во врска со последните случувања со Сашо Мијалков посочи дека пред ова бегство ниту владата ниту државата, ниту правосудниоте органи нема да ги  затворат очите.

-Реакциите во јавноста покажаа дека сите ќе бараме  решителна акција и ќе бараме одговорност. Прашањето веќе е како државата да обезбеди луѓе кои бегаат од правдата, и прашање е кој го информираше Мијалков и го организираше и обезбеди неговото бегство. Ние мораме да дадеме одговори на овие прашање, кај сите органи ќе бараме политичка и кривична одговорност. Ова не е случајно и не е превид, ова е очигледно дека некој го информирал Мијалков.   Правосудните органи  и извршната власт не смеат да молчат, кај сите оние кои потфрлиле ќе бараме и политичка и кривична одговорност. Нема игра со правната држава. Свесни сме дека и наша и државна обврска е да реагираме, да одговориме и да носиме одговорност, истакна Шекеринска.

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз кратко искоментира дека ја следат и ќе продолжат да ја следат ситуацијата бидејќи имаат информации од владата  и заедничка соработка.

ВИДЕО | Русковска тврди: Мијалков не може да помине граница – пасошот му е одземен, не е утврдено дали има и други патни исправи

Заев бесен поради бегството на Мијалков: Или да се најде или оставки на сите одговорни

ВИДЕО | Муслиу: Потребни се храбри, конкретни чекори, време е системот целосно да профункционира

Блиските од семејството на Мијалков повикани во полициска станица

Кој го помогна бегството на Мијалков?

Николовски: Заев му овозможи на Мијалков да побегне

ФОТО: „Мериот“ под полициска опсада, од Мијалков ни трага ни глас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот