ВИДЕО | Русковска тврди: Мијалков не може да помине граница – пасошот му е одземен, не е утврдено дали има и други патни исправи

Последното што ми е познато од разговорите со полицијата е дека се врши распит на луѓето околу Мијалков, неговото обезбедување, членовите на семејството, дека се одземени телефони, персонални компјутери и дека ќе бидат дадени на вештачење, рече јавната обвинителка Вилма Русковска во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Според обвинителката Мијалков на граница не може да помине, бидејќи му е одземена патната исправа.

Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато. Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално, рече Русковска.

Според информациите кои таа ги има од полиција, последен пат Мијалков визуелно е забележан во 15 часот како со сопругата влегува во Мериот.

Прочитајте и...  Свечената комеморација за Бандиќ ќе се одржи во вторник, а погребот во среда

– Видено е како возилото на жена му го напушта хотелот, потоа возилото на обезбедувањето, па неговото, но бидејќи стаклата биле затемнети не можело да се види дали е тој всушност внатре во возилото, рече Вилма Рускоска, шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

– Не се сложувам дека обвинителството ја тргнува вината од себе. Кај Обвинителството апсолутно нема вина, затоа што ние немавме никакви сознанија ниту од полиција, ниту од службите одговорни за безбедност и контразузнавање дека се спрема бегство на Мијалков. Првата информација ја доби обвинителството и веднаш ја сподели. Колегите кои што постапуваат по предметот Таргет – Тврдина, ги прашав дали по овој предмет, кој е почнат јуни 2017, бил побаран притвор за Мијалков и дали бил во притвор, тие ми одговорија да, беше во притвор недела дена. Од кои причини тогаш бил и зошто толку малку време бил во притвор јас стварно не знам. Јас можам да кажам за предметите кои ги водам јас или обвинителите во Обвинителот за гонење на организиран криминал и корупција, вели Русковска.

– Мене колегите кои постапуваат во предметот, пред да започнат завршните зборови, ме прашаа дали да побараат притвор. Јас се консултирав и со Јавниот обвинител на РСМ Јовевски, после толку години од поднесените обвиненија против него, Мијалков ги почитувал мерките определни од судот. На секое рочиште се појавувал и ние во тој момент немавме информации од службите никаква информација за негово евентуално бегство, ние немавме законска основа да побараме притвор, затоа што од една страна ги почитува сите мерки, а од друга страна кога пред завршни зборови би побарале притвор тоа значи дека ја прејудицираме пресудата. Замислете побараме ние притвор, а судот донесе ослободителна пресуда. Притвор се бара во текот на истрагата или со поднесување на обвинение. Вака на завршни зборови без да имаме било какви сознанија никогаш не е побаран притвор, смета Рускоска. Да добиеше сознанија Обвинителството дека тој се спрема за бегство пред започнување на завршните зборови, бидете сигурни дека Обвинителството ќе побараше притвор. Има разлика помеѓу барање притвор во фаза на истрага или со поднесување на обвинителен акт. Кажете ми еден пример кај што за некого е побаран пример пред завршни зборови, аконемаш никакви сознанија за неговоо евентуално бегство. Со случајот Груевски е сосема различно. Тој побегна по објавување на пресудата. Тука може да се разговара за вина на обвинителството, затоа што со објавување на пресудата не побарале притвор. Во тој случај сметам дека има вина кај Обвинителството и затоа велам дека се многу различни случаите.

Прочитајте и...  Мицкоски со критики до власта: Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран новозаболени

Русковска додава дека се уште е рано да се зборува за истрага, зошто случајот е во фаза на предистрага.

– Таа постапка се води под насоки на ОЈО. Треба да се соберат докази, па тогаш обвинителот треба да одлучи дали има основно сомнение дека има сторено кривично дело и против кого ќе отвори истрага. Искрено се надевам дека нема да има политичко вмешување. Апсолутно не оправдувам мешање на политика во работа на обвинитлеството или на судот. Еднаш засекогаш треба да ставиме точка на политичко влијание во правосудниот систем. Затоа ниту очекував да ми се јави премиерот Заев или министерот Спасовски. Јас искрено се надевам дека до крајот на мојот мандат ќе успееме да ја тргнеме политиката надвор од обвинителството. Немам докази за вмешаност на политичари од актуелната Влада на Северна Македонија, а како обвинител не смеам да си дозоволам да изнесувам шпекулации или индиции, децидна е Рускоска.

Прочитајте и...  Истражување во Србија: Три четвртини од младите поддржуваат враќање на задолжителниот воен рок

 

Поврзани вести

Портпаролот на Вмро-Дпмне ќе стане татко

Слободен печат

Албанија регистрира црн месечен рекорд на ковид-19: Во февруари починале 406 лица, меѓу нив и 18 годишник без коморбидитети

Слободен печат

ВО ЖИВО: Заев и Шилегов за реконструкцијата на Универзална сала

Слободен печат

Демонстранти упаднаа во владината зграда во Ереван

Слободен печат

Нов протест напладне пред влада – излегуваат организаторите на свадби и други настани

Слободен печат

Во текот на пандемијата, 446 нови вработувања во јавното здравство

Слободен печат

Остави Коментар