ВИДЕО | Муслиу: Потребни се храбри, конкретни чекори, време е системот целосно да профункционира

Малку сум изненаден од инертноста, ова не е прв пат да се случи. Од друга страна не сум изненаден, бидејќи се работи за човек кој 10 години бил на чело на безбедносните служби, значи човек кој имал контакти, а по она што го слушавме во бомбите и вработувал и местел луѓе во целиот систем, па и во судскиот. Ние знаеме каде се проблемите во системот, знаеме дека некои од нашите западни партнери имаа проблеми со прочистувањето. Во секој случај системот треба да се оправи, а за тоа се потребни храбри чекори. Можеби ова ќе треба да биде поттикот тоа да се случи, изјави во Утрински брифинг политиччкиот аналитичар Албер Муслиу.
-Не верувам дека ќе оди до таа крајност дека судбината на владата ќе биде под знак прашање, но може да биде. Ако на ова се одговори инертно, неодговорно, без краен задоволителен резултат, мислам дека и владата ќе биде под знак прашање. Не гледам други алтернативи. Но се надевам дека ова што се случи ќе биде поттик за похрабри чекори, па и соочување со одговорности, за малку и кај граѓаните да се добие чувство на еднаквост, дека нема неказнивост, вели Муслиу.
-Кај сегашната опозиција има лицемерие. Лечат персонални работи кои се обрушуваат врз Мијалков и го користат неговото име. Се работи за лица која му ја давале политиката сила и моќ и мисла дека наративот треба да им биде повоздржан, бидејќи тоа беа истите кои го величаа. Од друга страна кај ИО за вонреден Конгрес ова нема ништо да смени во нивните планови. Во секој случај двете страни ќе се потрудат оваа случка да ја искористат во внатрепартиските препукувања, вели Муслиу. Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот