Наумоски: „Бруталиск“ го чува модернистичкото и бруталистичко наследство на Скопје – космополитизмот, солидарноста, прогресивноста

Никола Наумоски

Веќе неколку викенди по ред организираме работилници за деца коишто се финансирани од конкурсот „Цртај на македонски јазик“, каде што нашиот пријател Небојша Гелевски држи работилница за фонтови и писма за деца. Тој е предавач на академијата Бреинстер каде што предава вакви нешта, и ја има адаптирано оваа работилница за деца и децата го учат македонскиот јазик и неговото писмо и како визуелно да го изразуваат македонското писмо низ фонтовите што ги креираат“ рече Никола Наумоски, еден од сопствениците на Бруталиск, еден од културните простори во Скопје којшто постои повеќе од година дена, на интервју на „Слободен печат“ во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн. Мк.

Тој додаде дека на овие работилниците дечата учат теорија за фонтовите, но и креираат свои бидејќи секое дете има задача да направи свој фонт на крајот од работилницата.

„Од успехот на овие работилници што се појави меѓу децата, сфативме дека има и голема заинтересираност кај родителите коишто сакаат да знаат нешто повеќе за оваа наука“, рече Наумоски

Тој додаде дека следната работилница ќе биде за возрасни луѓе. Тој дополнително додаде дека истовремено се најавени проекти како „Музика и политика“.

„Музика и политика е неколкудневен настан на кој млади ќе учат за уметноста и политиката и нивната социолошка поврзаност низ децениите наназад. Ова што го издвојувам е она што се однесува на образовната програма во Бруталиск. Ние понатаму продолжуваме со многу изложби секој викенд. Ги поканувам следбениците да ја разгледаат нашата страница на социјалните медиуми и да бидат информирани што нудиме“, посочи Наумоски.

На прашањето околу заложбите на Бруталиск, тој одговори дека Бруталиск е формиран за да го чува модернистичкото и бруталистичкото наследство и пораките коишто ги дава во Скопје.

„Тие пораки се однесуваат на времето во кое брутализмот се гради во Скопје, односно модернизмот. Тоа е духот на космополитизмот, на солидарноста, на прогресивноста, на интеграцијата, на отвореноста кон културите. Тоа се вредности кои ние во екипата си ги чуваме до себе, а лесно можеме да поврземе со архитектурата во градот. Скопје е еден малку поразличен град во смисла на своето културно наследство, наследство создадено паралелно со градот и со државата“ заклучи Наумоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот