Поранешната сопруга на Трамп: Нека игра голф, тоа е најдоброто нешто што може да го направи сега!
Мислам дека уживаа да бидат покрај Доналд и да учествуваат во изборите, но сега е готово. Не сум сигурна какви им се плановите, но јас само им посакувам да продолжат со нормалниот живот, изјави Ивана Трамп.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По неколку дена неизвесност се обелоденија резултатите од американските претседателки избори. Победник е Џо Бајден (77), а резултатите ги коментираше и поранешната сопруга на Доналд Трамп (74), Ивана Трамп (71). Посакала, како што вели, сета оваа драма да заврши што поскоро, но и истакнала дека се сомнева дека Трамп така лесно ќе се откаже.
– Тој е лош губитник. Не сака да губи па ќе продолжи да се бори, бори и бори, изјави Ивана за странските медиуми. Додаде дека сепак се надева дека ќе се соочи со реалноста и ќе отстапи.
– Тој мора да се повлече и да објави дека изгубил, раскажа Ивана па продолжи:

– Јас само сакам сето тоа што поскоро да заврши, на ваков или таков начин. Воопшто не ми е грижа.
Нејзините деца Доналд Џуниор (42), Иванка (39) и Ерик (36) се чувствуваат добро, а нивната мајка едвај чека да ја напуштат Белата куќа.
– Мислам дека уживаа додека беа покрај Доналд и учествуваа во изборите, но сега е готово. Не сум сигурна какви им се плановите, но само сакам да продолжат со нормалните животи. Не со живот во Вашингтон, туку во Њујорк, или каде и да сакаат, но да водат нормални животи, порача таа.
Ивана прогнозираше дека ова би можело да биде крајот на политичката кариера на Трамп.

– Мислам дека нема избор. Мислам дека ќе замине во Палм Бич и ќе игра голф и ќе води нормален живот. Тоа е најдоброто што може да го направи. Тој мрази да губи, сигурна сум во тоа. Но, доколку изгубил – изгубил. Има доволно пари, доволно места на кои може да замине и да ужива во својот живот, изјави Ивана за крај.
Таа со Доналд беше во брак од 1977 до 1992 година.


