Научниците открија уште еден начин за пренесување на коронавирусот, а можете да го спречите само вака

Затварањето на капакот од веце школката топло се препорачува во текот на пандемијата на коронавирусот бидејќи група научници откриле дека вирусот може да се прошири и преку фекалните материи кои во текот на испирањето на школката можат да „излезат“ во надворешната средина.

Болеста Ковид-19 за која научниците веќе предупредија дека може да се пренесе со фекална и орална трансмисија, исто така може да се шири и преку аеросолизираниот измет, пренесува Форбс повикувајќи се на студијата која ја објави Здружението на професионалци во контрола на инфекциите и епидемиологијата.

Изметот кој е аеросолизиран може да дојде до воздухот кога ќе пуштите вода во веце школката, што доведува до ширење на аеросолите кои понекогаш содржат фекални материи настанати со плакнењето.

– Затворете го капакот, а потоа пуштете вода – советуваше професорот за машинско инженерство од Универзитетот Пурд, д-р Кингјан Чен и додаде дека ова претставува едноставно решение за помош при контролирањето на ширењето на болеста преку тоалетот.

Чен изјави дека затворањето на капакот од веце школката може да спречи дури 80 проценти од фекалните честички да излезат во воздухот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот