Бензински пумпи , Бензин , Нафта , Биодизел , Макпетрол , Окта - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

На пумпите на „Макпетрол“ горивата ќе чинат два денари помалку од цените кои ги одреди РКЕ

Компанијата со најголем број бензински пумпи во Македонија, „Макпетрол“, соопшти дека донела одлука од полноќ да продава горива по цени кои се за два денари по литар пониски од оние кои попладнево ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на компанијата, бензинот Еуросупер од 95 откани ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека бензинот од 98 откани ќе чини 86,5 денари.

Литар дизел на бензинските станици на „Макпетрол“ ќе се продава по цена од 93,5 денари за литар која исто така е за два денари по литар пониска од онаа која ја одреди РКЕ – 95,5 денари.

Го спречивме ценовниот шок кај горивата, се фали Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот