Евра/ Фото: Wolfgang Undesser / imago stock&people / Profimedia

Што ќе значи дигиталното евро за граѓаните?

Европскиот парламент и владите на земјите членки на Европската Унија влегуваат во последната фаза од преговорите за воведување на дигиталното евро – нова електронска форма на пари што ќе ја издава Европската централна банка (ЕЦБ), објави Euronews.

Европратениците во Стразбур ја потврдија преговарачката позиција на Парламентот, со што официјално се отвора патот за разговори со земјите членки за конечниот модел според кој ќе функционира дигиталното евро. Според Euronews, дигиталното евро нема да ја замени готовината, туку ќе биде нејзино дополнување. Граѓаните ќе можат да чуваат дигитални евра во специјален дигитален паричник, при што максималниот износ што ќе може да се чува сè уште не е дефиниран.

Новиот систем ќе овозможува плаќања и онлајн и офлајн, а Европската централна банка уверува дека ќе обезбеди висок степен на заштита на приватноста, бидејќи нема директно да може да ги идентификува корисниците преку нивните трансакции.

Основната инфраструктура ќе ја обезбедува ЕЦБ, додека комерцијалните банки и другите даватели на платежни услуги ќе бидат задолжени за понудата на дигиталното евро до граѓаните и компаниите. Најголем предизвик во претстојните преговори ќе биде договорот околу моделот на компензација за банките и платежните институции, односно кој ќе ги сноси трошоците и како ќе се распределуваат надоместоците во системот.

Дополнително, ќе се разговара и за висината на надоместоците што ќе ги плаќаат трговците, при што целта е тие да бидат пониски од сегашните трошоци за плаќање со банкарски картички. Според информациите на Euronews, најинтензивниот дел од преговорите се очекува во текот на есента, а конечниот договор би можел да биде постигнат до крајот на годинава.

Доколку процесот се одвива според планираната динамика, пилот-проектот за дигиталното евро треба да започне во 2027 година, додека неговата поширока примена за секојдневни малопродажни плаќања се очекува во 2029 година.

Кога ќе биде воведено дигиталното евро?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот