Кралицата нареди кршење на традицијата на погребот на принцот Филип: Никој не смее да ги посрами нејзиниот син и внук

Фото: Профимедиа

Принцот Филип ќе биде погребан во сабота, на поинаков начин од тоа што е вообичаено во кралското семејство…

Традицијата според која членовите на кралското семејство на погребите на своите најблиски носат униформи ќе биде прекршена на последното испраќање на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета.

Причината зошто принцот Вилијам, принцот Чарлс и другите нема да ги носат своите униформи, со кои би требало да му одадат чест на починатиот Филип и неговите воени заслуги е тоа што носењето на униформите е забрането за принцот Хари и принцот Ендру, кои исто така ќе присуствуваат на погребот.

Војводата од Сасекс го загуби тоа право кога со сопругата Меган Маркл одлучи да се откаже од кралските должности, што за него беше исклучително болно, бидејќи тој служеше во британската војска повеќе од десет години.

Фото: Профимедиа

Од друга страна, принцот Ендру, синот на кралицата Елизабета и принцот Филип, го изгуби тоа право за носење на униформата, како и својата титула по скандалот во кој заедно Џефри Епштајн беше доведен во врска со педофилија.

Фото: Профимедиа

Кршењето на традицијата го нареди самата кралица Елизабета „со цел никој да не може да ги посрами нејзиниот внук и син“, пишува Дејли мејл.

Поради тоа, сите на погребот на принцот Филип ќе се појават во вообичаена облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот