Кејт и Вилијам се запознаа со својот омилен водител кој на малиот принц Џорџ му донесе необичен подарок (ФОТО)

Фото: Профимедиа

На војводата и војвотката од Кембриџ им се исполни желбата да го запознаат своето омиленото ТВ лице, кое исто така му е омилено и на принцот Џорџ.

Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам (38) го пречекаа во градината на Кесингтонската палата водителот Сер Дејвид Атенборо. Ова беше одлична прилика и принцот Џорџ да го запознае своето омилено ТВ лице.

Фото: Профимедиа

Оваа средба се случи по посебната проекција на претстојниот филм на Давид „David Attenborough: A Life On Our Planet“, а дружењето е овековечено и со фотографии.

Фото: Профимедиа

Прославениот британски водител и добитник на Еми наградата на својот млад обожавател, 6-годишниот принц Џорџ му подари заб од џиновска ајкула, која ја пронашол на одморот во Малта на крајот на 60-те.

Фото: Профимедиа

Да се потсетиме, Кејт Мидлтон во април откри дека е голем фан на ѕвездите на BBC, па токму поради тоа и принцот Џорџ многу ги засакал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот