Ѓоковиќ може да го загуби првото место на АТП после „Австралија опен“

Новак Ѓоковиќ чека добри вести од САД за настап на „УС Опен“/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Откако сега е веќе познато дека Новак Ѓоковиќ нема да настапи на првиот грен слем турнир годинава, „Австралија опен“, сега српскиот ас се надева дека по завршувањето на истиот нема да го загуби првото место на АТП листата.

За Ѓоковиќ е најдобро титулата во Мелбурн да не ја освои Данил Медведев, Александар Зверев или Рафаел Надал.

Поради одлуката на Судот да го депортира од Австралија, Ѓоковиќ би можел да биде симнат од првото место на АТП листата на крајот на месецот откако најдобриот тенисер во светот е спречен да ја одбрани титулата на Австралија опен!

Ѓоковиќ: Крајно сум разочаран, но ја почитувам пресудата

Ѓоковиќ моментно има 11,015 бодови, Медведев е втор со 8,935, додека Зверев е трет со 7.970 и овие двајца тенисери не смеат да се сретнат во финалето доколку Србинот сака да ја задржи лидерската позиција во трката.

Ѓоковиќ дефинитивно ќе ги загуби 2.000 бода што ги освои минатата година, додека Медведев го брани финалето и 1.200. Во случај да го освои „Австралија опен“ ќе добие дополнителни 800 и ќе му се закани на Ноле на првото место.

Познато е кога Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“ доколку добие дозвола од судот

Својата шанса ја чека и Зверев, бидејќи одбрани само четвртфинале и 760 поени од лани. Со освојувањето на „АО“ би добил дополнителни 1.240 поени и на конечната листа би бил подобар од Ноле за 95 поени.

Зверев и Медведев се на спротивната страна од костурот и нивното финале е сосема можно. Да потсетиме, Германецот требаше да му биде потенцијален ривал на Ѓоковиќ во полуфиналето, а на пат ги има Матео Беретини и Надал. Од друга страна, Медведев е во голема опасност од Стефанос Циципас и Андреј Рубљов.

Вучиќ: Одлуката за Ѓоковиќ е политичка и лов на вештерки

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот