Познато е кога Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“ доколку добие дозвола од судот
Организаторите на „Австралија опен“ конечно го објавија распоредот за првиот ден од грен слем турнирот.
На турнирот му се закануваше колапс бидејќи за случајот со Новак Ѓоковиќ се чека судска одлука, односно дали тој ќе има право на настап. На таа одлука ќе треба да почекаме уште малку, а доколку биде позитивна за српскиот ас, тој ќе биде на теренот во понеделник.
Мечот помеѓу српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ е поставен како втор во вечерниот термин на „Род Лејвер Арената“ во Мелбурн.
Ноќната програма започнува во 19.00 часот по локално време, или во 09.00 часот по македонско време, па Ѓоковиќ би можел да биде на терен околу 10:30 часот по македонско време.
Доколку тоа не се случи и Ѓоковиќ добие забрана за настап, Кецмановиќ ќе игра против еден од „среќните губитници“ („лакилузер“).
#AusOpen Order of Play – Monday 17 January ➡️ https://t.co/snv6OMoJcD
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 16, 2022
Судиите внимателно ги ислушаа двете страни во текот на судењето, им се обратија на учесниците во процесот додека се повлекуваа и заминаа да разговараат за целата ситуација и да донесат одлука.
Не прецизираа кога ќе биде конечната одлука, оставија можност тоа да се случи утре, според локално време, т.е. во недела навечер по македонско.
Адвокатите на Ѓоковиќ побараа доколку пресудата биде во корист на Новак, Србинот да биде ослободен во рок од половина час за да се подготви за мечот кој ќе се игра в понеделник.