Судењето на Ѓоковиќ заврши: Следува конечната одлука на судиите

Новак Ѓоковиќ ја чека конечната одлука дали ќе настапи на „Австралија опен“: Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Заврши сослушувањето пред Федералниот суд на Австралија за случајот Новак Ѓоковиќ против министерот за имиграција, Алекс Хок. Судскиот совет ги слушна аргументите на адвокатот на најдобриот тенисер во светот и министерот за имиграција и најави дека конечната одлука ќе ја донесе во текот на денот или дури во понеделник.

Судењето пред Федералниот суд на Австралија го водеше врховниот судија Џејмс Алсоп, а во судискиот совет беа и Ентони Бесанко и Дејвид О’Калахан.

Адвокатскиот тим на српскиот тенисер, предводен од Николас Вуд, истакна дека нема докази кои ги поткрепуваат тврдењата дека присуството на првиот тенисер во светот поттикнува „антивакцинација“ и дека конечното укинување на визата всушност би имало такво влијание.

Адвокатот изјави дека Ѓоковиќ од почетокот на пандемијата играл многу тениски турнири каде имал голем успех на нив и дека не е забележан ниту еден случај на „лобирање против вакцинација“ во врска со тие тениски натпреварувања.

Адвокатскиот тим на првиот светски тенисер побара, доколку жалбата биде прифатена, Ѓоковиќ веднаш да биде ослободен.

Правниот застапник на австралиската Влада, Стивен Лојд потсети на фактот дека првиот рекет во светот сè уште не е вакциниран. Тој исто така изјави дека Ѓоковиќ претходно ги игнорирал мерките за заштита од ширење на корона вирусот. Тој посочи дека министерот Хок бил свесен за последиците што можело да ги предизвика укинувањето на визата на Ѓоковиќ, во секоја смисла, вклучително и поттикнување на „антивакцинација“. Лојд истакна дека, со право или не, Ѓоковиќ во Австралија го доживуваат како некој кој е против вакцинацијата и станал „икона против вакцините“.

Новак Ѓоковиќ се подготвува за настап на Австралија Опен иако се уште постојат шанси да биде депортиран/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

По сведочењето на двете страни, судиите се повлекоа за да ја разгледаат ситуацијата и да донесат конечна одлука. Доколку жалбата на Ѓоковиќ биде уважена, на српскиот тенисер ќе му биде дозволено да остане во Австралија и да игра на Грен слем турнирот во Мелбурн. Доколку одбие, ќе биде депортиран и потенцијална забрана за влез во земјата во следните три години.

Потсетуваме, министерот Хок одлучи во петокот попладне, според локално време, повторно да му ја укине визата на Ѓоковиќ, нагласувајќи дека тој постапува во интерес на јавноста, со оглед дека присуството на најдобриот тенисер во светот поттикнува „антивакцинација“.

Кирјос од најголем критичар стана голем фан на Новак: Сакам да го освои тој е**н Австралија Опен

Претходно, визата на српскиот тенисер му беше укината по пристигнувањето во Мелбурн, бидејќи тој наводно не доставил доволно докази за медицинско ослободување од задолжителната вакцинација. Судијата Ентони Кели ја уважи жалбата на првиот рекет во светот, а во понеделникот нареди да се поништи првичната одлука за поништување на визата.

Отвореното првенство на Австралија ќе започне на 17 јануари, а Ѓоковиќ е деветкратен шампион. Доколку игра во Мелбурн, во понеделник во првото коло ќе се сретне со својот сонародник Миомир Кецмановиќ.

Ѓоковиќ го користат како политички пион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот