Судијата Кели: Не помислувајте повторно да му ја укинете визата на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ пред официјален настап на „Австралија опен“/5 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот тенисер на светот е многу блиску до настап на „Австралија опен“ каде што може да ја брка историската рекордна 21 грен слем титула со која би бил најдобар во историјата на овој спорт.

Новак Ѓоковиќ ја доби жалбата против депортација од Австралија, откако граничните власти претходно одлучија дека не ги исполнува критериумите за ослободување од условите за влез.

Но, и судската победа не гарантира дека првиот светски рекет може да остане во Австралија, последниот збор ќе го има министерот за имиграциско право, Алекс Хок. Тоа го изјави адвокатот на австралиските власти, Кристофер Трен.

Свој одговор на тоа имаше и судијата Ентони Кели, кој остро му одговори на адвокатот Трен да не ја користи заканата за повторно затворање на Ѓоковиќ користејќи ја извршната власт.

Еден пресуден момент имаше во текот на судењето, имено зборовите на судијата Кели како да ја најави победата на Ѓоковиќ.

Додека адвокатите на Ѓоковиќ ги изнесуваа фактите за патната документација на Новак, медицинското ослободување и третманот и грешките на цариниците, судијата накратко го прекина адвокатот Вуд и даде свој коментар.

– Што повеќе можеше да направи овој човек? – размислувајќи за исполнување на сите прописи на државата Викторија при влез во земјата.

Адвокатот на Новак само одговори: „Потполно се согласувам со вас, судија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот