Кирјос од најголем критичар стана голем фан на Новак: Сакам да го освои тој е**н Австралија Опен

Австралискиот тенисер Ник Кирјос знае како да ја забавува публиката/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Лошото момче на светскиот тенис, Ник Кирјос, кој во минатото често го критикуваше Новак Ѓоковиќ, сега му дава голема поддршка на српскиот тенисер во „војната“ со австралиските власти кои му ја укинаа визата и не му дозволуваат да ја брани титулата на Австралија Опен.

Кирјос во едни од најтешките моменти во кариерата на Ѓоковиќ, застана на негова страна и покажа што значи колегијалност.

– Новак ми испрати лична порака на Инстаграм и ми се заблагодари што застанав на негова страна. Ниту тој самиот не очекуваше дека јас ќе се огласам по ова прашање. Ѓоковиќ само сака да игра тенис и верувам дека во овие моменти му е многу тешко. Мислам дека треба што поголем број тенисери да застанат на негова страна – рече Кирјос.

Кирјос ја исмеа и пораката на министерот на имиграција, Алекс Хок, кој во своето образложување за укинување на визата на Ѓоковиќ, наведе дека српскиот тенисер е закана за Австралија и нејзиниот јавен ред и мир.

– Овој Хок вели дека Новак е „закана за нашите граници“. Епа, не е! Во овие моменти го третираме као оружје за масовно уништување, а тој дојде за да игра тенис.  Ние не го гледаме Новак Ѓоковиќ како човек. Замислете како се чувствува тој во овие моменти. Веројатна сака малку поддршка од нас тенисерите, и од мене ја има.

Австралискиот тенисер посакува Ѓоковиќ да може да настапи на Австралија Опен и на крајот да ја освои титулата.
– Сакам Новак да победи на Австралија Опен и во Мелбурн да се шетам со маичка на која ќе пишува „Идемо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот