Ѓоковиќ: Крајно сум разочаран, но ја почитувам пресудата

Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го загуби случајот пред Федералниот суд на Австралија, а одлуката на тричлениот совет беше едногласна, објавена е во неделата нешто пред осум часот по средноевропско време.

Така, српскиот ас нема да ја брани титулата на првиот Грен слем турнир во сезоната и ќе биде депортиран од Австралија.

Веднаш по одлуката Ѓоковиќ имаше изјава за „The Age“:

– Сакам да дадам кратка изјава за да се осврнам на исходот од денешното рочиште во Судот. Сега ќе одвојам малку време да се одморам и да се опоравам, пред да дадам дополнителни коментари освен ова. Крајно сум разочаран.

Непријатно ми е што фокусот на изминатите недели беше на мене и се надевам дека сега сите ќе можеме да се фокусираме на играта и турнирот што го сакам. Би сакал да им посакам на играчите, официјалните лица на турнирот, персоналот, волонтерите и навивачите сè најдобро за турнирот. На крајот би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите сограѓани Срби за континуираната поддршка. Вие ми бевте голем извор на сила – рече Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот