ФОТО | Познати кои заработуваат и после 50 години од смртта: Се појави листата со најплатените починати ѕвезди за 2020 година!

Фото: Профимедиа

Нивните најблиски веќе долги години добиваат пари кои овие ѕвезди „ги заработиле“ дури и по нивната смрт…

Одделни светски ѕвезди ниту смртта не ги запрела на сметка на нивното име дури и денес да заработуваат пари. Семејствата и соработниците на починатите ѕвезди на сметките добиваат огромни средства, со цел фотографиите од веќе починатите ѕвезди да бидат употребени за многубројните реклами, да се искористат нивните авторски дела, нивниот лик или пак нивната приказна.

Форбс ја состави листата со најплатените починати ѕвезди, погледнете кои се тие…

Мерлин Монро

Фото: Профимедиа

Иако почина во 1962-та година, таа минатата година „заработила“ 8.000.000 долари. Нејзиното име и имиџ го користат речиси сто познати брендови во светот, а за тоа нормално мора да платат.

Џорџ Харисон

Фото: Профимедиа

Познатиот Битлси кој почина во 2001 година од рак, „заработил“ 8.500.000 долари минатата година, а најмногу поради претставата во која била користена музиката на бендот, односно од авторските права кои се вечни.

Фреди Меркјури

Фото: Профимедиа

Пејачот на групата Квин, Фреди Меркјури почина во 1991 година поради компликации предизвикани од сидата, а во 2020 година заработил 9.000.000 долари. Дополнителната заработка дошла и од филмот „Бохемиан рапсоди“, бидејќи во јавноста се зголеми интересот за музиката и останатите работи поврзани за групата Квин.

Принц

Фото: Профимедиа

Принц почина во 2016 година. Тој заработил 10.000.000 долари во 2020 година. Само во САД биле продадени 700.000 негови албуми.

Џон Ленон

Фото: Профимедиа

Легендарниот музичар е убиен на 8-ми декември 1980 година. Меѓутоа музиката на Битлси е популарна се уште, а бидејќи тој напишал неколку од нивните најпопуларни песни кои се слушаат во многу филмови и серии, Ленон во 2020 заработил 13.000.000 долари.

Боб Марли

Фото: Профимедиа

Иконата на реге музиката почина во 1981 година од последици од канцер, а во 2020 година заработил 14.000.000 долари. Неговата музика доста се слушаше во текот на изминатата година, а звучниците, слушалките и останатата опрема со негово име исклучително добро се продавала.

Коби Брајант

Фото: Профимедиа

Коби Брајант, легендарниот играч на Лејкерси почина во хеликоптерска несреќа во јануари минатата година. Познатиот производител на патики ги распродал сите производи кои биле поврзани со него, а неговата автобиографија е продадена во 300.000 примероци. Неговата вкупна заработка по смртта минатата година изнесува 20.000.000 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот