ДО КОГА ВАКА: Маленко си продолжува со лудоста, трпат македонските пливачи!

pfm.org.mk

Од претходно знаеме дека правата пливачка федерација е онаа предводена од Александар Филипчев кој се води според Централниот регистар. Филипчев кон крајот на јуни пред јавноста изјави дека Маленко се користи со лажни печати.

Воедно во месец јули поради измама и злоупотреба Филипчев поднесе кривична пријава за Маленко.

Но, и натаму Александар Маленко упорно се поставува како прв човек на македонското пливање, но веќе поддршка нема од клубовите кои годинава на регуларно вонредно собрание го променија претседателот.

-Маленко си продолжува со лудоста, а трпат пливачите. Има сознанија дека Маленко уште не им исплатил пари на маратонците за двата маратони од Охрид, а светската пливачка федерација (ФИНА) веќе испратила „жолт картон“. Ова му е само тргање на внимание и бара виновен – коментира Јане Карајованов, првиот човек на Пливачкиот клуб „Орион“.

Во ФИНА и ЛЕН Маленко сеуште се води како претседател, и уште позагрижувачки е фактот што моментно трпат младите пливачи кои се на турнир во Лесковац (Србија).

Имено, тој испратил допис до Српската пливачка федерација во кој бара да не се дозволи настап на македонските пливачи во Лесковац кои доаѓаат од клубовите кои не се регистрирани во неговата федерација.

Ова е листата на клубот кои според Маленко не ги почитувале прописите на ФИНА и на неговата „Пливачка федерација на Северна Македонија“.

1.ПВК Орион – Скопје
2.ПК Октопод – Скопје
3.ПВК Работнички – Скопје
4.ПК Младост – Скопје
5.ПК Вардар – Скопје
6.ПК Про Аква Академија Стефановски – Скопје
7.ПК Бета Шаркс – Скопје
8.ПК Вардар 2018 – Скопје
9.ПК Карпош – Скопје
10.ПК Звезда – Скопје

На ред се институциите да стават крај на оваа би рекле бизарна состојба во македонското пливање.

Незадоволни стануваат секако пливачите, меѓу нив и Марко Блажевски кој ја претставуваше Македонија на две Олимпијади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот