Блажевски: Не сум дел од СП поради бирократија и политика!

Фото: facebook.com/mblazevski

Марко Блажевски (26) е освојувач на три индивидуални НЦАА национални титули во САД, воедно ја претставуваше Македонија на Летните Олимписки игри во 2012 и 2016 година.

Во Бања Лука (Босна и Херцеговина) во мај постави нов државен рекорд на 100 метри градно со време 1:02,88 мин., второпласиран зад повеќекратниот светски и олимписки финалист Силаѓи од Србија.

Блажевски говореше во интервјуто за „Miller Swimming“, запрашан зошто не се натпреварува ова лето на Светското првенство во Гвангжу (Јужна Кореја):

– Поради политика и бирократија, која се чини дека е вообичаен тренд во малите земји, како што е мојата. И покрај тоа што имам најдобро време на таа држава, „тие” одлучија да испратат неколку наши помлади пливачи со цел да стекнат искуство – рече Блажевски.

Иако со докажан резултат од Бања Лука, ваквата неправда може да го натера да плива за друга земја, па дури и да се пензионира. Зошто е спречен да настапува од СП и од кого?

Планира да земе кратка пауза од трките за да ужива во летото, но и надвор од водата, останува да работи на физички план, што е најважното нешто во овој момент во неговата кариера.

facebook.com/olimpiski

Дали тоа значи дека ќе се пензионира, еве што одговори:

– Не мора да значи, испливав најдобро време на 26-годишна возраст што за пливачите е стара, но јас верувам дека можам уште подобро и побрзо. Тешко е да се замислам себеси во тренинг со полно работно време кога твојата земја ќе ти го сврти грбот. Но, никогаш не вели никогаш – додаде Блажевски.

Има двојно државјанство, на САД и Македонија. Неговиот резултат му дозволува да биде дел од квалификациските трки во САД и се бори за учество на Олимпијадата во Токио 2020, за место во американската репрезентација.

– Доколку знам дека сигурно нема да имам шанса да се натпреварувам за Македонија во Токио следното лето, дефинитивно би сакал да се натпреварувам на тие квалификациски трки во Омаха – истакнува Блажевски.

Слободен печат

Националната пливачка федерација предводена од Александар Филипчев минатиот месец ги презентираше сите следни активности, но истовремено наиде на проблеми со старото раководство на чело со Александар Маленко кој се користи со лажни печати, суспендирања што негативно се одразува на резултатите, лажно претставување…

Националната пливачка федерација е веќе регистрирана во Централниот регистар од каде што Филипчев доби известување дека не постои субјест регистриран во Македонија – Пливачка федерација на Северна Македонија, па така ова доаѓа и како демант од Филипчев дека федерацијата што ја претставува Маленко не постои, и дека Маленко продолжува со фалсификат.

Раководството предводено од Филипчев е во постојат контакт со ФИНА која би требало да испрати и делегација по завршувањето на СП да ја провери ситуацијата и ја донесе конечната одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот