Делегација на ФИНА ќе ги решава проблемите во македонското пливање

pfm.org.mk

Од ФИНА исто така ја знаат ситуацијата во македонското пливање, најновите информации велат дека тие не можат моментно да ги потврдат промените.

А причина поради е тоа што и натаму се водат според информациите од страна на Македонскиот олимписки комитет, а таму се уште стои името на Александар Маленко како прв човек на пливачката федерација.

Слободен печат

После завршувањето на Светското првенство во пливање кое ќе се организира од 12 до 28 јули во Јужна Кореја, делегација на ФИНА ќе дојде во Македонија да им стави крај на проблемите околу тоа кое е раководството на пливањето во нашата земја.

Потсетување, на собрание во април со гласање од пливачките клубови за нов претседател на Националната пливачка федерација беше избран Александар Филипчев кој што во меѓувреме говореше и пред медиумите околу најновите активности и ситуацијата во која се наоѓаат.

Филипчев е претседател на Националната пливачка федерација во Централниот регистар на Македонија, но ФИНА и натаму го признава Александар Маленко како претседател, и поради ваквите тензични односи оди на штета на нашите пливачи во машка и женска конкуренција, последен пример беше со младата пливачка Миа Блажевска Еминова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот