200 ЖЕНИ ВЕРУВАЛЕ ДЕКА СЕ ВО ВРСКА СО НЕГО: Познат Хрват жртва на кражба на идентитет – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

200 ЖЕНИ ВЕРУВАЛЕ ДЕКА СЕ ВО ВРСКА СО НЕГО: Познат Хрват жртва на кражба на идентитет

Една се подготвувала да дојде во Хрватска за нивната венчавка

Хрватскиот модел Дејан Пелиќ се најде во центарот на вниманието откако сфатил дека е жртва на кражба на идентитетот.

Со неговото име и фотографии бил креиран профил на социјалните мрежи, кој се допишувал со многу девојки и одржувал виртуелни љубовни врски повеќе од една година. Една од нив била дури и уверена дека наскоро ќе замине во Хрватска и ќе се венча со него.

Повеќе од 200 девојки стапиле во контакт со него обвинувајќи го за измама, пред всушност да сфатат дека и тој е жртва на уште поголема измама.

Кога се јавил во полиција, сфатил дека нема да му бидат многу од корист бидејќи нема основ за поднесување кривична пријава, односно сторителот е непознат. Дел од измамените девојки уплаќале пари на фиктивна сметка, бидејќи им биле ветувани нешта за возврат.

По сето ова, негов совет е сите на своите профили да користат двојна верификација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close