Усвоено барањето на Маленко за промена на името на Пливачката федерација

facebook.com/olimpiski

Новото официјално име на Пливачката федерација на Македонија предводена од Александар Маленко ќе биде: Пливачка федерација на Северна Македонија или скратено ПФСМ. Ова е одлуката на Управниот одбор на ФИНА која ја донесе на седница одржана на 10 Јули 2019 година.

КАко што објавивме претходно, после завршувањето на СП, делегација на ФИНА ќе ги решава проблемите околу македонското пливање и кое е вистинското раководство.

Националната пливачка федерација на Македонија предводена од претседателот Александар Филипчев константно е во контакт со првите луѓе на светското пливање.

Македонија на СП во Гвангжу ќе ја претставуваат пет пливачи: Евгениј Поп Ацев во маратонско пливање, и пливачите Миа Крстевска, Ева Петровска, Филип Деркоски и Давор Петровски.

18. ФИНА Светско првенство во водени спортови во Јужна Кореја ќе се одржи во периодот од 12 до 28 јули 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот