Димовски: Работодавачите да не ја користат кризната ситуација и да исплаќаат двојно пониска плата за вработените

Меѓународната организација на трудот го одбележува 28 април како Светски ден за безбедност и здравје на работа. Тоа е меморијален ден кој е посветен на работниците кои своите животи ги изгубиле поради повреди на работа и професионални болести.

Светскиот ден за безбедност и здравје на работа оваа година се одбележува во многу специфични и сериозни околности, што сите нас не става пред големи професионални предизвици, а тоа е пандемијата на Ковид-19, го честиташе денот претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

– Покрај законот за работни односи ССМ учествува и во доработка на новиот закон. Поради изборите и Ковид-19 бевме спречени да го корегираме законот. Секој сака задоволни работници. Работодавачите да не ја користат кризната ситуација и да исплаќаат двојно пониска плата за вработените, апелира Димовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Според сознанијата на ССМ дел од газдите, претежно во поголемите фабрики, правеле вештачки прекин во работата, само за да исплатат половина од платата и покрај тоа што вработените работеле прекувремено. ССМ бара што поскоро да се санкционираат работадавачите кои се богатат на грбот на граѓаните.

Работодавачите да не ја користат кризната ситуација и да исплаќаат двојно пониска плата за вработените.

-Работниците работат во 4 смени. Потоа газдите го прекинуваат производството на 2 дена, каде прават вештачки прекин на работата и со тоа им исплаќаат за 50% пониска плата на работниците, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНИ РАБОТНИЦИ, СИГУРНИ РАБОТНИ МЕСТА, ДОСТОИНСТВЕНИ ПЛАТИ И СОЦИЈАЛНА ЗАПШТИТА

Според Димовски, проблемот е во различното толкување на ист закон, но различни членови, каде во еден е наведено дека во услови на виша сила, на работникот може да му се исплати половина од платата. Но во друг член, пишува дека треба да му се исплати 70%.

-Оваа години ССМ ќе го „дигитализира маршот“, здравје и безбедни работници, сигурни работни места, бидејќи знаеме дека многу работни места се изгубија о овој кризен период. Апелирам работниците да не ја губат надежта, ние им нудиме бесплатна правна помош. Бараме и достоинствени плати и да не се злоупотребува овој коронавирус. Социјална заштита мора да биде вклучена тука. Сметам дека ние како ССМ, Владата, работодавачите и невладините, можат да го овозможат ова кога сме засегнати со пандемијава, изјави Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот