Џони Деп онесвестен со истурен сладолед врз него: Амбер Хард објави шокантна фотографија од поранешниот сопруг

профимедиа

Фотографијата настанала на летот на релација Бостон-Лос Анџелес.

Валканите алишта од турбулентиот брак повторно се изнесени пред судот во Лондон, на кој се разгледува тужбата на Џони Деп против британскиот таблоид „The Sun“, откако весникот пишуваше дека актерот насилнички се однесувал кон неговата поранешна сопруга Амбер Хард.

Морничави пораки кои би можеле да го уништат Џони Деп – Прво ќе ја удавиме, па потоа ќе ја запалиме!

Новиот доказен материјал е претставен во судот, а тоа е новата скандалозна фотографија на Џони Деп кој седи онесвестен во приватниот авион, додека сладоледот му е истурен врз неговите панталони.

Актерката го фотографирала поранешниот сопруг, а фотографијата настанала на летот на релација Бостон – Лос Анџелес во мај 2014 година. Актерот тогаш наводно бил под дејство на алкохол и наркотици.

Деп се бранел дека тогаш бил уморен бидејќи претходно работел 17 часа.

– Очигледно сум бил многу изморен, а сладоледот му се истурил врз панталоните… таа го сликаше тоа и ми ја покажа фотографијата и ми кажа: „Погледни, патетично е“, изјави Деп на судењето.

Фото: Амбер Хард

Од друга страна, Амбер Хард тврди дека за време на летот Деп многу ја тепал и дека ја гаѓал со разни предмети, дека фрлил дури и столица на неа, и дека и удрил шлаканица и ја шутнал во грбот пред да се онесвести во тоалетот.

Џони Деп ги отфрли наводите од поранешната сопруга, а додаде и дека загубил дури 650 милиони долари од својата заработка.

СКАНДАЛ поради шокантно аудио: Кој е вистинскиот насилник, ЏОНИ ДЕП или АМБЕР ХЕРД?

Во судница прикажана слика од крвавиот Џони Деп на носилки, актерот првпат кажа што му направила Амбер (ФОТО+ВИДЕО)

Скандалозниот развод на Џони Деп и Амбер Хард поприма нови размери: Се спомува Илон Маск и секс во тројка

Џони Деп пред судијата го раскажа цел живот – од зависноста и забавувањето со Кејт Мос до ноќта кога умре Ривер Феникс

Винона Рајдер и Пенелопе Круз застанаа во одбрана на Џони Деп: Тој не е насилник!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот