Џони Деп пред судијата го раскажа цел живот – од зависноста и забавувањето со Кејт Мос до ноќта кога умре Ривер Феникс

Џони Деп со Ванеса Паради/Profimedia

На првиот ден од големото судење, на кое се најде поради обвиненијата од бившата сопруга Амбер Хард, Џони Деп призна дека секојдневно, од неговата 14-та година земал разни дроги, како во 1995 година искршил се во хотелската соба пред неговата тогашна девојка Кејт Мос, но и за неговото необично пријателство со Кит Ричардс и Мерилин Менсон.

Џони Деп со Кејт Мос/Profimedia

Отворајќи ја својата душа и зборувајќи за лошото минато, Деп откри детали од неговиот живот, како тоа дека како тинејџер се напил од таблетите за смирување на мајка му, по што почнал да ужива во разни опијати. За 76-годишната ѕвезда на „Ролин стоунс“, Кит Ричардс, рекол дека му е близок пријател, како и Мерилин Мансон, со кого знаел да се дрогира.

Џони Деп со Иги Поп/Profimedia

58-годишниот Џони Деп, кој на суд стигна со заштитна маска, се присетил и на демолирањето на хотелската соба во 1995 година, пред тогашната девојка Кејт Мос, кога направил штета од 10.000 долари.

Џони Деп со Ванеса Паради/Profimedia

А како почнало се?

Така што мајка му го замолила да оди до аптеката и да и купи таблети за смирување, а тој на своја рака одлучил да испроба една.

„Мајка ми ми рече да и земам таблети за смирување, а јас одлучив да испробам една. Кога ја испив, сфатив дека на тој начин можам да ја затапам целата болка што ја чувствувам. Отсекогаш ме привлекуваа различни култури и луѓе. На пример, мои идоли беа Џефри Чосер и Томас де Квинси, двајцата зависници од опиум.“

Деп и Паради/Profimedia
Деп и Мос/Profimedia

Откако признал дека барем двапати земал дрога со Мерилин Менсон, судијката го прашала Деп за ноќта кога во неговиот клуб „Вајпер рум“ почина Ривер Феникс од предозирање.

Тој почина на плочникот пред мојот клуб. Колку што знам, Ривер почна да се чувствува лошо, почна да се поти и тргна кон излезот, а кога излезе, едноставно падна“.

На коментарот на судијката дека се опкружил со луѓе кои не знаат да му кажат не и кои ако посака ќе му набават секаква дрога, глумецот одговорил:

Не. Постојат луѓе кои работат за мене и оние кои работат со мене“.

Деп со неговиот пријател Мерилин Менсон/Profimedia

Деп откри и зошто искршил се во хотелската соба Њујорк во 1995 година.

Бев лут, но тоа не значи дека имам проблеми со бесот. Едноставно го исфрлав бесот од себе. Тоа е мој начин на изразување. Некогаш се изразувам така што се смеам, што не значи дека имам проблем со духовитоста“, додал Деп.

Обинителот инсистирал дека на сето тоа претходела кавга со Кејт Мос.

Тоа беше претпоставка на медиумите зашто така ја подигнаа продажбата, но на крај, подобро што го нападнав каучот, отколку човечко суштество, нели?“, одговори глумецот.

Освен дрогата, уште еднаш се потврди дека Деп ужива во црното вино до таа мера што месечно троши и по 30.000 долари, иако глумецот вели дека целото тоа вино не го пиел сам.

Деп со Кит Ричардс од „Ролинг стоунс“

По прекинувањето на врската со Ванеса Паради, со која има две деца, се обидел да го остави алкохолот.

Потоа Деп под заклетва рекол дека никогаш не ја удрил бившата жена Амбер Хард и дека така е воспитан, како кавалер.

СКАНДАЛ поради шокантно аудио: Кој е вистинскиот насилник, ЏОНИ ДЕП или АМБЕР ХЕРД?

Тоа е дел од мојот морален код, што никогаш не би можел да удрам жена и тоа во никакви околности и никогаш не би го направил тоа“, рекол Деп, кој тврди дека всушност таа него физички го злоставувала.

Ќе видиме што ќе донесе разврската на судењето.

Амбер Хард со поддршка пред судењето/EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA
џони деп
EPA-EFE/NEIL HALL

Во судница прикажана слика од крвавиот Џони Деп на носилки, актерот првпат кажа што му направила Амбер (ФОТО+ВИДЕО)

Скандалозниот развод на Џони Деп и Амбер Хард поприма нови размери: Се спомува Илон Маск и секс во тројка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот