Во судница прикажана слика од крвавиот Џони Деп на носилки, актерот првпат кажа што му направила Амбер (ФОТО+ВИДЕО)

profimedia

Амбер Хард и Џони Деп пристигнаа на суд, втор ден по ред.

Кога влезе во судницата Деп веднаш зема гел за дезинфекција со кој си ги истри рацете.

Судија во нивниот случај е Ендру Џорџ Линдзи Никол, а „News Group Newspapers“ издавачот на таблоидот „The Sun“ го застапува Адам Волански, додека адвокат на Деп е Дејвид Шиборн.

Судењето е предвидено да трае три недели.

профимедиа

Џони Деп истакна дека знаел дека неговиот брак со Амбер Хард е готов тогаш кога пронашол фекалии во креветот. Исто така, изјави дека за малку ќе останел без прст, кога Амбер го гаѓала со две шишиња вотка.

На прашањето дали земал кокаин во март 2015 година актерот одговори дека не се сеќава.

Саша Вас, адвокатката на таблоидот „The Sun“, кој Џони Деп го тужи дека објавувал невистини дека тој ја тепа Амбер, му замери на Деп што „ги предвидува прашањата“, кажувајќи му дека ќе „постави прашање“.

профимедиа

Саша изјавила дека Деп ја удрил Амбер повеќе од еднаш, кога му се смеела. Таа изјави дека ја „удрил три пати“, додека Деп одговори дека тоа не е вистина.

Исто така наведе дека Деп тогаш се онесвестил, се извинувал, плачел и говорел дека тоа никогаш нема да се повтори. Деп изјави дека никогаш не ја удрил, така што наведеното никогаш не се случило.

профимедиа

Кога бил прашан дали пуши, Деп изјавил „Да, имам ужасна зависност од никотин“, но додаде дека никогаш не бил „зависен од кокаин“.

Во наредниот момент Деп и префрли на застапничката на „The Sun“ дека не може да го прекинува кога ќе и падне на памет, на што таа одговори дека ќе го прекинува бидејќи мора да пројде низ бројни прашања.

Во судницата беше прикажана и сликата од Деп од болница, на која тој е крвав, по наводниот напад на Амбер на него, со две шишиња. Хард истакна дека тоа не е вистина и дека таа е таа која била „жртва на семејно насилство“

профимедиа

СКАНДАЛ поради ШОКАНТНО АУДИО: КОЈ е ВИСТИНСКИОТ насилник, ЏОНИ ДЕП или АМБЕР ХЕРД?

Морничави пораки кои би можеле да го уништат Џони Деп – Прво ќе ја удавиме, па потоа ќе ја запалиме!

Скандалозниот развод на Џони Деп и Амбер Хард поприма нови размери: Се спомува Илон Маск и секс во тројка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот