Ѕвездите на „Пријатели“ играа билијард и слатко ги насмеаа сите: Џенифер се нервира, додека Кортни скока од радост (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Џенифер немаше среќа, па се обиде да ја оправда својата лоша игра…

Ѕвездите од серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон (51) и Кортни Кокс (56), одиграа партија билијард, а сите ги насмеа смешната реакција на русокосата актерка, која немаше многу среќа.

Џенифер на својот Инстаграм профил објави видео во кое таа и Кортни играат билијард, но Џен не успеа топките да ги смести во дупката, таа само ги тркалаше на масата.

Русокосата актерка беше видно изнервирана, што може да се види на нејзиниот израз на лицето. Во еден момент, Џенифер се обиде да ја оправда својата лоша игра: „Знаете, помина долго време“.

Додека Џенифер немаше среќа во играта, Кортни ја сврти камерата и го снимаше своето лице во крупен кадар, правејќи гримаси и радувајќи се бидејќи на нејзе подобро и оди.

Сепак, ситуацијата за Џенифер како поминуваше времето така беше подобра, а актерката на крајот на видеото имаше неколку добри удари, што ја натера да скокне од радост.

Како Џенифер и Кортни играат билијард, како и нивните смешни реакции, погледнете во видеото….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот